×

Кошничка

Меѓузбир:
0 ден.
Бесплатна достава за нарачки над 2999 денари. Достава во рок од 2-7 работни дена  
 

Рефундирање

Во случај на повлекување од договорот, потрошувачот има право на враќање на производот или, доколку е применливо, замена за друг производ.
Уплатениот износ му се враќа на купувачот по приемот и проверката на вратениот производ, под услов производот да е неоштетен, некористен и вратен во состојба согласно условите за враќање.
А&M Цлотхес Ретаил Доо Скопје ќе изврши враќање на средствата без непотребно одложување, а најдоцна во рок од 14 дена, согласно важечките законски прописи и условите за повлекување од договорот.
Трошоците за враќање на производот се на товар на купувачот, освен во случај кога купувачот добил неисправен, оштетен или погрешно испорачан производ.
Постапка за рефундирање
За да може да се обработи барањето за рефундирање, потребно е купувачот да ги достави следните информации:
  1. Име и презиме и потребни контакт податоци;
  2. Број на нарачка и/или број на сметка/фактура за купениот производ;
  3. Број на трансакциска сметка на која треба да бидат вратени средствата;
  4. Име на носителот на трансакциската сметка;
  5. Причина за враќање на производот.
Барањето за рефундирање и потребните податоци можете да ги доставите на:
Е-пошта за рефундирање: amdooskopje@gmail.com
Дополнителна е-пошта за контакт: web@modanova.mk
По приемот на барањето ќе добиете дополнителни инструкции за начинот и адресата на која треба да го испратите производот.
Враќање на средствата
Рефундирањето се врши по приемот и проверката на вратениот производ и исполнувањето на условите за враќање.
Доколку рефундирањето се врши на трансакциска сметка, купувачот е должен да достави точни податоци за сметката. А&M Цлотхес Ретаил Доо Скопје не сноси одговорност за доцнење или погрешна уплата предизвикана од неточни податоци доставени од страна на купувачот.
Рефундирање на средства не се врши во физичките продавници, освен доколку купувачот претходно не добил поинаква инструкција од нашата корисничка поддршка.
За сите прашања поврзани со враќање на производи и рефундирање, можете да нè контактирате:
Е-пошта за рефундирање: amdooskopje@gmail.com
Е-пошта: web@modanova.mk
Телефон: 076 243 853